True
Упатство за употреба на лаптоп батерии
Пред употреба, Ве молиме внимателно прочитајте го упатството.
Clarico-Image-Text

Почитувани корисници,

Ви благодариме што го избравте нашиот производ. Пред употреба, Ве молиме внимателно да го прочитате упатството за правилно користење на батеријата за лаптоп. Батеријата е електронски производ со ограничен животен век, но со правилно користење, правилно полнење, празнење и складирање може значително да се продолжи нејзиното траење .

За најдобри перфоманси калибрирајте ја батеријата за лаптоп

Батеријата во себе има микропроцесор кој овозможува проценка на количината на енергија во батеријата кога се полни или празни. Повремено батеријата треба да се калибрира, за индикаторот на лаптопот да покажува попрецизен процент на наполнетост и на преостанатото време до празнење, затоа што мерачот е сè уште калибриран према старата батерија. Оваа постапка треба да ја примените во првиот месец на користење на батеријата, а потоа на секои неколку месеци.


  1.   Направете соодветни подесувања : Кликнете на иконата на батеријата во долниот десен агол, а потоа „Промени ги подесувањата на планот“> „Променете повеќе опции за подесување на напојувањето“> „Батерија“> „Критичко ниво на батеријата“> „На батеријата“ - ставете на 5% (или најмалку што дозволува системот) и потоа изберете "Примени" и "ОК" за да ги зачувате подесувањата.

  2. Исклучете го адаптерот за напојување и користете ја батеријата додека лаптопот не се исклучи.

  3. Вклучете го адаптерот и наполнете ја батеријата до 100%. При првата употреба (или по подолг период на складирање), на батеријата потребни и се три до четири циклуси на полнење до 100% / празнење до 20% пред таа да го постигне максималниот капацитет. Процесот на полнење треба да трае неколку часа. За калибрација прво треба да ја испразните батеријата додека лаптопот не се исклучи пред да ја наполните до 100%. Потоа можете да го вклучите и исклучите полначот без разлика на кое ниво е батеријата .

Напомена: Кога батеријата е при крај со празнење, лаптопот влегува во режим на хибернација. Батеријата всушност има резерва која е потребна за лаптопот остане во состојба на мирување. Кога батеријата е целосно испразнета (што е потребно за време на калибрацијата), лаптопот е принуден да се исклучи. Во овој случај, сите отворени датотеки може да бидат изгубени.

Чување на батериите

Држењето на батеријата максимално полна подолг период, може да ја оштети батеријата - батеријата треба редовно да се полни и да се празни. Батериите кои секогаш се полни и постојано се на полнач, брзо ќе го изгубат максималниот капацитет, а со тоа ќе имаат и пократок век на траење.Доколку батеријата не ја користите еден месец или повеќе, препорачливо е да ја извадите батеријата од лаптопот, да ја наполните 60% -80% и да ја чувате на ладно, суво и чисто место. Покрај тоа, потребно ќе биде повремено да ја дополните батеријата по одреден период на складирање. Најдобро би било ако батеријата ја користите барем еднаш месечно за да ја сочувате со добра меморија.

Мерки на претпазливост

  • Не ги поврзувајте контактите на батеријата - краток спој може сериозно да ја оштети батеријата.

  • Не ја фрлајте, бушите или на друг начин не ја оштетувајте батеријата, тоа може да предизвика експлозија на ќелиите.

  • Не ја оставајте батеријата на топлина, влага или дожд.

  • Држете ја батеријата подалеку од оган или други извори на топлина.

  • Внимавајте да не ја запалите. Изложеноста на батеријата на голема топлина може да предизвика експлозија.

  • Не обидувајте се да ја расклопите, поправите или замените батеријата, бидејќи тоа може да предизвика прегревање или пожар. Алкални корозивни раствори или други протекувања на електролитите може да доведат до пожар или до лична повреда, дури и смрт.

  • Не ја бушите батеријата со остри материјали.

Најчесто поставувани прашања

П: Колку долго ќе трае новата батерија ?

О: Траењето на батеријата на лаптопот е тешко да се одреди. Вистинското траење на батеријата зависи од потребата за напојување т.е од потрошувачката на енергија. Користење на максималната осветленост на екранот, хард диск, ДВД и други додатоци дополнително ја празнат батеријата, а со тоа и го намалуваат траењето на батеријата. Вкупното траење на батеријата зависи и од генерацијата и моделот на самиот лаптоп - вградени компоненти итн.

П: Зошто капацитетот на батеријата се намалува иако не се користи?

О: Поради влијанието на влагата во околинатат и нечувствителната изолациска средина, батериите имаат феномен на само-потрошувачка. Во зависност од состојбата на батеријата, полнењето би се намалило за околу 1% на секои 3-4 дена, така што е сосема нормално батеријата да се празни дури и кога не се користи!

П: Може ли да ја извадам батеријата додека го користам полначот?

О: Обично функцијата за полнење започнува со полнење кога капацитетот е помал од 95%, така да не е важно дали батеријата е во лаптопот. Сепак, препорачуваме да ја чувате батеријата во лаптопот за да спречите загуба на податоците во случај да се појави прекин во напојувањето. Ако сакате да ја извадите батеријата, препорачуваме да ја чувате на суво, ладно место, да не заборавате да ја користите најмалку еднаш месечно, за да ја одржувате активна.

П: Дали ќе се намали работниот век на батеријата ако таа се полни пред потполно да се испразни?

О: Векот на траење на батеријата се пресметува врз основа на циклусите на полнење и празнење. Li-ion батеријата обично има век на траење од 300-400 циклуси. Во просек вториот циклус започнува кога ќе се наполни до 80-90%.

П: Полнењето на батеријата сè уште покажува 0%, дури и по 20 часа полнење, а лаптопот се исклучува веднаш кога ќе се исклучи напојувањето, во што е проблемот?

О: Најпрво треба да го проверите контактот помеѓу лаптопот и батеријата, бидејќи ако контактот не е добар, дури и ако се прочитаат информациите за комуникација, батеријата не може да се полни. Бидејќи конекторот на лаптопот може да се деформира по подолг период на употреба, додека конекторот на новата батерија е дизајниран според новите спецификации на лаптопот, ова може да предизвика проблеми со контактите. Во такви околности, извадете ја батеријата и вметнете ја неколку пати во лаптопот за да обезбедите целосен контакт. Кога ќе слушнете КЛИК-звук, тоа значи дека контактот е добар. Обидете се повторно и може да го решите проблемот со контактите, посебно тоа важи кај лаптопите IBM и Lenovo.

П: Батеријата не се празни и лаптопот веднаш се исклучува штом се исклучи полначот, дури и кога батеријата е полна до одреден процент или дури 100%, зошто?

О: Во овој случај обрнете внимание на надворешната температура. Ако сте на место каде што температурата е многу висока, батеријата автоматски ќе се заштити по одреден период и програмата за стартување на лаптопот ќе престане да работи. Во овој момент, стратувајте го лаптопот по 1 час. Алтернативно, можни се и проблеми со лаптопот за време на процесот на полнење, бидејќи колото за полнење на лаптопот едноставно предизвикува проблеми при полнењето. Проверете дали работи оригиналната батерија на лаптопот.

П: Мојот лаптоп Dell не успеа да ја идентификува батеријата и посочи дека „батеријата не е компатибилна со овој модел. Кога ја ставам батеријата„ Dell “, индикаторот трепка, што не е во ред?

О: Покажува дека компатибилноста на батеријата не е добра, лаптопот препознава дека батеријата не е DELL. Кога тоа ќе се случи, контактирајте го вашиот продавач за замена.

П: Лаптопот не стратуваше кога ја ставив новата батерија, но, работеше добро кога ја извадив батеријата, зошто?

О: Ова покажува дека батеријата не е исправна или не е компатибилна, што најчесто се случува со батерии со поголем капацитет (батерии со 9 ќелии). Треба да ја замените батеријата, контактирајте го вашиот продавач.

П: Лаптопот се исклучува без предупредување и покрај тоа што индикаторот покажува дека батеријата има 30% или повеќе.

О: Кога ќе се соочите со таков проблем, прво направете неколку калибрации на батеријата. Ако проблемот продолжи, контактирајте го вашиот продавач.

П: Кога првпат се обидов да ја наполнам батеријата, индикаторот за полнење застана на 30% дури и по еден час полнење, како може да ја наполнам батеријата до 100%?

О: Кога имате таков проблем, направете калибрација на батеријата за лаптоп за најдобри перформанси и за правилно работење. Ако проблемот продолжи, контактирајте го вашиот продавач.

П: Зошто лаптопот покажа дека батеријата е целосно наполнета по само 10 минути полнење?

О: Кога имате таков проблем, направете калибрација на батеријата за лаптоп за најдобри перформанси и за правилно работење. Ако проблемот продолжи, контактирајте го вашиот продавач.

П: Мојата батерија траеше 3 часа првиот пат, но веќе не се полни - дали е неисправна?

О: Кога имате таков проблем, направете калибрација на батеријата за лаптоп за најдобри перформанси и за правилно работење. Ако проблемот продолжи, контактирајте го вашиот продавач.

Детски часовници
Прашања и одговори

To install this Web App in your iPhone/iPad press and then Add to Home Screen.